Иако целиот фудбалски свет очекуваше дека Лео Меси ова лето ќе го продолжи договорот со Барселона и ќе остане на „Камп Ноу“, сепак Аргентинецот како слободен играч за пресели во ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонскиот клуб поради финансиски проблеми не можеше да го регистрира новиот договор на Меси, иако се беше договорено со фудбалерот.
Навивачите се уште не можат да се помират со заминувањето на Меси, а повеќето се лути на Жоан Лапорта кој претседателската кампања ја водеше со ветување дека Меси ќе остане.
Таткото на фудбалерот, Хорхе Меси синоќа допатува во Барселона и веднаш беше пречекан од новинарите, кои го прашаа дали е лут на клубот кој така се однесуваше со Меси.
„Не сум лут на клубот. Ме разочараа некои луѓе“, кратко одговори Хорхе.