Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони потврди дека Лионел Меси играше повреден во финалето на Копа Америка против Бразил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси во полуфиналето против Колумбија доби силен удар, но со повреда го заврши и тој натпревар, кој Гаучосите го добија на пенали, но и синоќешниот на Маракана, каде Аргентина со голот на Ди Марија стигна до трофејот.
„Да го знаете начинот на кој Меси играше на Копа Америка ќе го сакате уште повеќе. Никогаш не можете без играч како него, дури и кога има повреда, како во овој, така и на претходните натпревари.“ – рече Скалони.
Меси конечно дојде до трофеј во дресот на Аргентина. Имаше прилики и претходно, губеше финалиња, но не се откажа.