Сагата околу новиот договор на Лионел Меси со Барселона е пред крај, пренесуваат шпанските медиуми.
Според најеминентните медиуми во Шпанија, Меси се согласил да стави потпис на нов договор до јуни 2023 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на Аргентинецот истекува овој месец, па неговата иднина во Барселона не беше сигурна.
Пред една година Меси официјално побара да ја напушти Барселона, но претходниот претседател Бартомеу не му дозволи.
Откако се случи претседателска смена, со доаѓањето на Лапорта значително се зголемија шансите Меси да потпише нов договор.