Дома Луд Спорт Во стампедо на фудбалски натпревар загинаа најмалку осум луѓе

Во стампедо на фудбалски натпревар загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум лица загинаа, а околу 60 се сериозно повредени вчера во стампедо на стадионот Демпа Диоп во главниот град на Сенегал, Дакар, на кој се играше финалниот натпревар на Лига купот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Навивачите на тимовите УС Оукам и Стаде де Мбоур се судирија едни со други, а интервенираше полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

Гледачите на натпреварот во паника се упатила кон излезите, а дел од трибните се урнале, што доведе до несреќата.

Претседателот на Сенегал, Маки Сал објави на Твитер дека оние кои стојат зад трагедијата ќе бидат казнети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…