Дома Останати Кошарка НБА Јута победи и го изедначи рекордот за тројки на Хјустон, убедлив и Портланд 🎥

Јута победи и го изедначи рекордот за тројки на Хјустон, убедлив и Портланд 🎥

Tимот на Јута игра одлично сезонава, така и продолжија во последната ноќ победувајќи го Орландо со 137:91.

Посебно расположени „Џезерите“ беа во шутот за три, постигнаа 26 тројки од кои 18 во второто полувреме што е исто така НБА рекорд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Четврти пат Јута постигнува најмалку 25 тројки на една средба и така го изедначи рекордот на Хјстон од сезоната 2018/2019. Донован Мичел беше најдобар со 22 поени и 6/7 за тројка, а него го следеше Бојан Богдановиќ со 17 поени и 4/6 за три поени.

До убедлив триумф стигна и Портланд кој дома ја победи Оклахома со 133:85. Клучна во овој натпревар беше првата четвртина која Портланд ја доби со 35:19.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Њујорк 81-125, Мајами – Кливленд 115-101, Филаделфија – Минесота 122-113, С. Антонио – Индијана 133-139, Вашингтон – Далас 87-109, Јута – Орландо 137-91, Портланд – Оклахома 133-85 и Сакраменто – Милвоки 128-129.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…