Дома Фудбал Останато Бекам го отпушти тренерот на Интер Мајами, ја доведува легендата на Јунајтед?

Бекам го отпушти тренерот на Интер Мајами, ја доведува легендата на Јунајтед?

Aмериканскиот фудбалски прволигаш Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам го отпушти уругвајскиот стратег Диего Алонсо (45).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мајами во својата прва сезона во МЛС заврши на 10. место на источната конференција и не успеа да се пласира во плеј-офот.

„Беше ова тешка година и многу тешка одлука за сите, но веруваме дека е правилен чекор за нашиот клуб. Нашите очекувања се големи“, изјави Жорге Мас, еден од соработниците на Бекам.

Британските медиуми шпекулираат дека најголем фаворит за клупата на Интер Мајами е легендарниот Фил Невил кој во овој момент е селектор на женската репрезентација на Англија.

Невил веќе најави дека ќе ја напушти репрезентацијата во јули кога му завршува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…