Поранешниот голман на Прагвај Хозе Луис Чилаврет објави дека ќе се кандидира за претседател на својата земја на изборите во 2023 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот голман има 74 настапи за репрезентацијата, а уште во јули најави дека би можел да се предаде кандидатура за претседател.
На својот Твитер профил тој објави фотографија со порака: Горд сум што сум Парагваец.
— José Luis FelixChilavert Gonzalez (@JoseLChilavert_) December 24, 2020
Во текот на играчката кариера помеѓу останатите клубови бранеше за Реал Сарагоса, Велес Сарсафилд и Стразбур.
Ќе остане запаметен како голман кој изведуваше слободни удар и пенали понекогаш. За репрезентацијата на Парагвај постигна осум гола, вкупно во кариерата стигна до бројката од 54 гола.