Нејмар успеа да помине без потеша повреда после стартот од Тиаго Мендес во дуелот со Лион.
Во финишот од натпреварот Мендес остро стартуваше, а Нејмар откако се превитикуваше на теренот беше изнесен на нослки. Се сомневаше дека станува збор за тешка повреда, но за среќа тоа не е случај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прекршокот изгледаше навистина опасно, меѓутоа деталните прегледи носат добри вести за ПСЖ. Повредата на десниот зглоб не е сериозна, но сеедно Нејмар некое време нема да биде на терените.
ПСЖ денес потврди дека Бразилецот нема да игра повеќе во 2020 година и дека на терените ќе се врати во јануари наредната година.
OFFICIAL: PSG announce that Neymar's ankle injury will keep him out of action for the rest of the year 🤕 pic.twitter.com/dpnmSPAy3y
— Goal (@goal) December 19, 2020