Лионел Меси во 73. минута вчера ги постави конечните Барселона – Осасуна 4:0.
Голот Меси го прослави така што го соблече дресот на Барса и го покажа дресот на Њуел Олд Бојс кој го носеше Марадона на неговото деби (тука прочитајте како овој дрес заврши кај Меси).
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Судијата Матеу Лахоз во таа ситуација му додели жолт картон на Лео. Чудно е, но правилата така налагаат – секое соблекување на дрес на теренот значи жолт картон. Лахоз строго се држеше до правилата и не отстапи.
Шпанските медиуми сега објавија што запишал Лахоз како објаснување за тој жолт карто на Меси.
„Во 73. минута играчот со број 10 Лионел Меси доби жолт картон поради следната причина: Го соблече дресот по постигнувањето на голот и покажа дрес на Њуелс Олд Бојс со „10-ка“ на грбот. Таков дрес Њуелс Олд Бојс користеше во сезоната 1993/1994“.
Се додава дека Лахоз е познат како судија кој детално ги опишува случувањата на теренот.