Дома Фудбал Останато Дресот со кој Меси го прослави голот навистина го носел Диего

Дресот со кој Меси го прослави голот навистина го носел Диего

Дресот од Њуелс Олд Бојс кој Лионел Меси го носеше под својот во текот на мечот со Осасуна бил баш оној кој го носел Марадона.

Не е во прашање реплика или дрес кој Меси го носеше кога и самиот играше за Њуелс, туку вистинскиот дрес на Диего Марадона. Но, тој не го предал на Лео како на негов наследник.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тој дрес кој Марадона го носеше на дебито за Њуелс завршил во рацете на судијата Серхио Фернандез, судија и голема колекционер на дресови, пишува „Марка“.

Исто така Меси на два пати се обидел да дојде до тој дрес. Пробал да го купи од Фернандез, но тој не сакал ниту да слушне. Конечно, пред Светското првенство во 2018 година Лео го добил дресот. Го потврди тоа и адвокатот на Марадона. Судијата Фернандез дури го поклонил тој дрес на асот на Барселона со желба да му донесе среќа на Мундијалот.

Две години Меси ја чувал „десетката“ во неговата колекција, но овој пат мораше да ја покаже.

Кога големиот Диего дебитираше за Њуелс, Меси имал само шест години и бил на тој натпревар, дури на полувремето и ја забавувал публиката.

„Бев мал, не се сеќавам многу, но знам дека бев таму“, изјави Меси во една прилика за аргентинските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…