Дома Фудбал Зидан: Ова ме загрижува, но нема да ви откријам што ќе и кажам на играчите

Зидан: Ова ме загрижува, но нема да ви откријам што ќе и кажам на играчите

Реал Мадрид синоќа го пречека Алавес, но неочекувано беше поразен со 2:1.

Реал пред некој ден го победија Интер во Милано, но синоќа беа поразени од Алавес во Ла Лига. Тренерот на Реал за сега не знае која е причината за тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Немам никакво објаснување. Кога примивме гол на почетокот, работите за нас се искомплицираа.“ – рече Зидан и додаде:

„Пред некој ден во Милано одигравме добар натпревар, а ова вечерва…Тоа е реалноста, нашата реалност. Она што мора да го направиме е да продолжиме да работиме, да ги опоравуваме играчите и ја менуваме динамиката.“

На прашањето што ќе им каже на играчите после овој пораз, Зидан одговори: „Морам да пронајдам решение со играчите. Нема тоа да го кажам тука. Не смееме да размислуваме само за негативните работи, мора да видиме што сме направиле добро и да се обидеме да бидеме доследни.“

„Ова е најлошиот почеток на сезоната. Не можевме да ја промениме динамиката на играта и тоа ме загрижува.“ – додаде Французинот.

Реал во вторник патува во Украина на натпревар во ЛШ против Шахтјор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…