Малиот Јеовил, клуб од Лутон, кој се бори за опстанок во четвртата англиска лига, преку социјалните мрежи делува како клупските великани и создава нови трендови.
Преку новата опција за мапирање на Snapchat тие го објавија трансферот на 21-годишниот Џејк Греј. Корисниците со зумирање можат да го видат Греј на теренот од малиот клуб.
The new @Snapchat feature is pretty cool. You can see who’s at Huish Park…✍️⚽️? #YTFC pic.twitter.com/YhFHRd7wM0
— Yeovil Town FC (@YTFC) June 26, 2017
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските и германските клубови, дури и оние од пониските рангови, технолошки и социјално се проактивни и иницираат трендови во комуникацијата на социјалните мрежи.
Арсенал преку Твитер и видео бараше од фановите да сложат анаграм со имињата од играчите кои ги доведе Венгер со кои го објавија трансферот на босанско-херцеговскиот репрезентативец Сеад Колашинац од Шалке.
Right, time for a quick quiz…
The following ? players have been signed by Arsène Wenger – can you spot them all? pic.twitter.com/ewEpmDRRs4
— Arsenal FC (@Arsenal) June 6, 2017
Најголемиот трансфер на светот, Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра во 2016 година, Англичаните, исто така, го „билдаа“ и контактираа преку социјалните мрежи.
Ливерпул Мохамед Салах го „доведе“ преку Твитер видео на кое Египќанецот „скрола“ низ желбите од навивачите и на крајот се открива во кадарот.
Социјалните мрежи одлично ги искористија и навивачите на Борусија Дортмунд после терористичкиот напад, кога преку Твитер иницираа акција за наоѓање сместување за навивачите на Монако.