Даниел Рикардо од Ред Бул победи на трката за Големата награда на Азербејџан, која ја обележа инцидентот помеѓу конкурентите во борбата за титулата Луис Хамилтон и Себастијан Фетел. Рикардо ја забележа првата победа сезонава, која е петта во неговата кариера.
Хамилтон и Фетел имаа инцидент во 21 круг, веднаш по повлекувањето на безбедносното возило од патеката. Во свиокот број 16 Хамилтон намерно запре со својот болид, а во него се заби Фетел. Германецот оправдано реагираше но не усеа да остане смирен, па откако тргна да го мине конкурентот иницираше контакт со неговиот болид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради ова дирекцијата на трката истакна црвено знаме, поради што возачите се повлекоа во своите гаражи.
Откако трката повторно стартуваше, дирекцијата го казни Фетел со 10 секунди, а Британецот мина без последици. Одлуката на дирекцијата стигна во моментот кога Хамилтон имаше проблеми со својот болид, мораше да ги посети своите механичари, па иако Фетел ја одработи казната во пит стопот, сепак на патеката се врати пред Британецот.
Ваквиот развој на настаните на најдобар начин го искористи Рикардо кој ја презеде лидерската позиција и на крајот забележа победа.
Второто место му припадна на Валтери Ботас, кој во стартно-целната равнина му ја „украде“ позицијата на Луис Строл од Вилијамс.
Строл, кој во минатата трка го освои првите бодови во кариерата, во Азербејџан стигна до првиот подиум. Тој стана првиот Канаѓанец по Жак Вилнев (Германија, 2001) кој завршил на победничкиот пиедестал.
Фетел заврши на четвртата, а Хамилтон на петтата позиција, а меѓу најдобрите десет се пласираа уште Естебан Окон, Кевин Магнусен, Карлос Саинц јуниор, Фернандо Алонсо и Паскал Верлен.
По трката во Баку, лидер во вкупниот пласман остана Фетел со 153 бода, втор е Хамилтон со 14 бодови помалку, а зад нив е Ботас со 111 бодови.
Наредната трка ќе се вози на патеката „Ред Бул ринг“, во Австрија, на 9.јули.