Дома Трансфер зона Наскоро крај на сите шпекулации: Барселона повеќе не е опција за Нејмар!

Наскоро крај на сите шпекулации: Барселона повеќе не е опција за Нејмар!

Изгледа дека конечно ќе завршат најавите за враќање на Нејмар во Барселона.

Од кога Нејмар премина од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра редовно се појавуваа најави за негово враќање на „Камп Ноу“, но сега од Париз пристигнуваат поинакви вести. Имено, бидејќи договорот му истекува во 2022 година Бразилецот веќе побарал тој договор да му биде продолжен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е јасен знак дека Нејмар повеќе нема да форсира враќање во Барселона од каде што замина пред четири години.

Иако Нејмар беше спремен и да ја преполови платата за да се врати во Каталонија сега тоа повеќе не е опција. Прво, Барселона нема пари за оштета, а и да има ситуацијата е поинаква и Нејмар не инсистира толку на враќање.

Ако го продолжи договорот со ПСЖ тој може да добие околу 40 милиони евра. Со евентуалното потпишување на новиот договор ќе се стави и крај шпекулациите за негово можно заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…