Дома Трансфер зона Малдини најави засилувања, Милан купува дефанзивец

Малдини најави засилувања, Милан купува дефанзивец

Легендата на Милан, Паоло Малдини мометално работи како директор во клубот и потврди дека „росонерите“ ќе се засилат во јануари.

Милан во летниот преоден рок беше во потрага по дефанзивец, па таа позиција ќе биде прва засилена во јануари.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Знаеме дека сме конкурентен тим, но ако ни се укаже шанса да доведеме некој играч кој ќе не унапреди ќе го направиме тоа. Имаме пари и затоа што во текот на летото не потрошивме онолку колку што можевме“, изјави Малдини.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан не се откажува од јапонскиот дефанзивец Такеиро Томиасу, кој игра одлично во Болоња.

Болоња за неговата слобода бара 20 милиони евра, а „росонерите“ ќе се обидат преку преговори да ја намалат цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…