Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу реши да не дава оставка и доброволно да си замине од претседателското место.
Тоа е информацијата која ја пласираа каталонските медиуми после денешната средба на Бордот на директори на каталонскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Повод за ваквиот избор на Бартомеу е и фактот што локалните власти ја одбија неговата молба за одложување на референдумот поради ситуацијата со пандемијара. Тоа значи дека најавуваниот референдум ќе се одржи наскоро.
Порано денес каталонски „Спорт“ излезе со информација дека постои реална можност Бартомеу и бордот на директори да си дадат оставки денес. Меѓутоа, после средбата стана јасна дека тоа сигурно нема да се случи.
Сега се е во рацете на властите во Каталонија кои треба да се произнесат за тоа кога ќе се одржи референдумот на кој ќе му се гласа доверба на Бартомеу.