Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил ја прокоментира повредата на столбот на одбраната, Вирџил ван Дајк.
Ван Дајк ќе паузира шест до седум месеци поради повреда после остриот старт на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се уште не е јасно кога ќе се оперира, но јасно е дека му следува долга пауза. Сигурен сум дека тој ќе го надмине ова и ќе се опорави целосно. Ние сме во постојан контакт со Вирџил и секогаш сме тука за него. Ќе го чекаме како верна сопруга која го чека својот маж да се врати од затвор. Во меѓувреме ќе направиме се за да му ја олесниме рехабилитацијата“, истакна Клоп.