Дома Фудбал Останато Лукаку прогласен за најдобар фудбалер во Лига Европа

Лукаку прогласен за најдобар фудбалер во Лига Европа

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку беше прогласен за најдобар фудбалер во Лига Европа, за минатата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот Интер загуби во финалето од Севиља, но впечатокот е дека Лукаку заслужено ја добива оваа награда.

Тој победи во изборот пред Евер Банега од Севиља и Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.

„Прво би се заблагодарил на Бог што ме стави во позиција да играм за тим кој го сакав како дете. Честитки до Севиља, тие го освоија трофејот. Би се заблагодарил на мајка ми, брат ми, агентот, цела моја нација. Би му се заблагодарил на Конте, стручниот штаб и сите останати во тимот кои веруваа во мене сезонава. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на соиграчите кои ми беа како семејство од првиот ден“, истакна Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…