Искусниит 30 годишен француски голман Александре Летелиер ги засили редовите на францускиот шампион ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Летелиер во последната сезона настапуваше за членот на Лига 2 Орлеанс, а во ПСЖ дојде како слободен играч.
Со францускиот шампион потпиша договор на една година, а нема информации колку ќе заработува.
Треба да се спомене дека Летелиер е голман кој ги помина сите младински селекции на ПСЖ, за „Б“ тимот во сезоната 2009/2010 собра 19 настапи.
Освен за Орлеанс во досегашната кариера настапуваше за Анжерс, Јанг Бојс, Тројес и Сарпсборгс.