Дома Трансфер зона Рома се засилува со напаѓач на Реал Мадрид

Рома се засилува со напаѓач на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето направи голема „чистка“ во тимот, па неколку фудбалери го напуштија „Сантиаго Бернабеу“.

Следен кој ќе го напушти Реал Мадрид е напаѓачот, Борха Мајорал, кој би можел да се пресели во Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


23-годишниот Шпанец одигра одлична сезона на позајмица во Леванте, но за него нема место во тимот на „кралевите“.

Рома бара напаѓач кој ќе биде алтернатива за Един Џеко и е пред договор со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на Мајорал.

„Волчицата“ ќе плати 3 милиони евра за позајмица со можност за откуп следното лето за додатни 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…