Анхел Ди Марија се обидел да го убеди Лионел Меси да се пресели во ПСЖ, откако Аргентинецот побара раскин на договорот со Барселона.
Меси побара од Барселона да го раскине договорот и да замине без обештетување, па неколку клубови покажаа сериозен интерес за Аргентинецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Сити важеше како голем фаворит за неговиот потпис, но интересот за Меси не го криеше ниту ПСЖ.
Ди Марија тврди дека се обидел да го наговори Меси да дојде во ПСЖ, но не успеал во намерата.
„Откако дознав дека сака да ја напушти Барселона, му испратив порака на Инстаграм во која му објаснив дека може да игра во ПСЖ“, откри Ди Марија