Најголем дел од навивачите на Барселона сметаат дека Меси ќе ја заврши кариерата во редовите на Каталонците меѓутоа Италијанците не престануваат да шпекулираат.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најновата информација која ја пренесуваат медиумите во Италија е изненадувачка.
Имено, повеќе италијански медиуми пренесуваат дека Меси купил стан во Милано и тоа во близина на седиштето на Интер.
Пред него стан на таа локација купил и неговиот татко, па наводно ова е најава за голем трансфер кој би можел да се случи многу брзо.
Останува да видиме дали ваквиот потег на Меси е поврзан со трансфер или пак станува збор за нешто друго.