Дома Фудбал „Барселона ризикува да стане новиот Милан или Манчестер Јунајтед“

„Барселона ризикува да стане новиот Милан или Манчестер Јунајтед“

Виктор Фонт, човекот кој сака да се кандидтира на изборите во 2021 за нов претседател на Барселона ги дочека своите пет минути и после кочениот пораз во трката за титулата во Шпанија ја критикуваше ситуацијата во клубот.

Барселона лесно ја освојуваше Ла Лига во претходните години во Ла Лига и изгледа тоа го правеше и од причина што Реал не беше на ниво. Оваа година не беше нивна година и ја изгубија титулата после три години.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фонт сега критикуваше и предупреди дека Барселона може да стане нов Милан или Манчестер Јунајтед, алудирајќи на тоа што овие клубови веќе подолго време се обидуваат да се вратат на старите победнички патеки.

„Во последната декада натпреварувањето стана повеќе професионално. Видете ја Премиер лигата во која клубовите се добро водени. Доколку не направиме нешто поинаку и не стигнеме до она што сакаме, Барселона може да стане новиот Милан или Манчестер Јунајтед“, изјави Фонт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важна измена во европските клупски турнири

Дебитната сезона на Лигата на шампиони, Лига Европа и Лига на конференции во нивните нови …