Лионел Меси не сака да губи, а уште помалку на тој начин да му помага на најголемиот ривал на Барселона Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот мораше да се помири со фактот дека Реал Мадрид вчера ја освои 34. титула во Примера, прва после 2017 година. „Кралевите“ играа одличо по рестартот на сезоната и заслужено стигнаа до тронот.
Барселона во некои натпревари беше бледа, непрепознатлива, безидејна и беше јасно дека проектот на Кике Сетиен нема да заврши на најдобар начин.
Меси после вчерашниот пораз беше тажен како ретко кога. Тоа може да се заклучи и по изјавата која ја даде по натпреварот.
Освен тоа фотографиите најдобро покажуваат како се чувствувал Аргентинецот.
