Дома Луд Спорт ФОТО: Објавија дека го доведоа Ибрахимовиќ, па ја повлекоа веста

ФОТО: Објавија дека го доведоа Ибрахимовиќ, па ја повлекоа веста

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ својата кариера би можел да ја продолжи во Зенит од Санкт Петербург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Ибра му истече договорот со Манчестер Јунајтед и истиот нема да биде продолжен, па големо е прашањето каде овој искусен напаѓач би можел да ја продолжи кариерата.

Медиумите веќе со месеци шпекулираат дека Ибрахимовиќ би можел да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, а во игра сега се вклучи и Зенит кој неодамна го превзеде Роберто Манчини, со кого имаше прилика да соработува во минатото.

Официјалниот Инстаграм профил на Зенит започна да го следи Ибрахимовиќ, а интересно е тоа што, на истиот профил беше објавена фотографија на Златан во дресот на рускиот клуб. Фотографијата стоеше неколку часа, а потоа беше избришана.

Тоа за кратко време предизвика лавина на шпекулации. Русите сигурно можат да му понудат многу пари, а дали во прашање е само шега или не, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…