Дома Останати Авто Мото Педроса на пол позицијата во Каталуња

Педроса на пол позицијата во Каталуња

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса ја освои пол позицијата во пресрет на утрешната трка во „кралската класа“, Големата награда на Шпанија. Покрај Педроса од првиот ред трката ќе ја започнат Хорхе Лоренцо (Дукати) и Данило Петручи (Прамак Дукати).

Педроса, на патеката Каталуња, ја оствари втората пол позиција оваа сезона. Неговиот најбрз круг изнесуваше 1:43.870 минути. Трикратниот шампион Лоренцо имаше послаб резултат за 331 илјадити делови од секундата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Зад Педроса, Лоренцо и Петручи, трката од вториот стартен ред ќе ја започнат актуелниот првак Марк Маркез, кој два пати падна во текот на квалификациите, потоа Алеш Еспаргаро и Хектор Барбера.

Разочарувачки квалификации имаа возачите на Јамаха, Маверик Вињалес, кој е лидер во генералниот пласман, ќе стартува како деветти, а неговиот клупски колега Валентино Роси на стартот ќе биде 13-ти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…