Дома Луд Спорт Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија се извини што играчите не го испочитуваа едниоминутниот молк

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија се извини што играчите не го испочитуваа едниоминутниот молк

Официјалните лица на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија јавно се извинија откако нивниот државен тим не го испочитува едноминутниот молк во чест на жртвите на терористичкиот напад на лондонскиот мост.

Репрезентативците на Австралија се наредија и се прегрнаа на центарот од теренот и им оддадоа едноминутен молк на жртвите, но нивните противници во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија, фудбалерите на Саудиска Арабија, не го направија тоа, туку си се распоредија по теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден австралиски министер овој чин го нарече срамен, а официјалните лица однапред биле известени дека едноминутниот молк не е дел од традицијата во саудиската култура.

Сепак, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија денес упати јавно извинување.

„Играчите немаа намера да покажат непочитување на споменот на жртвите или да ги вознемират нивните семејства, пријатели или било кој друг. Нашиот сојуз го осудува секој чин на тероризам и екстремизам и упатуваме сочувство до семејствата од сите жртви, владата и народот во Велика Британија“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Натпреварот од 36-то коло на француската Лига 2 Троа – Валенсиен беше прекинат и зав…