Фудбалската репрезентација на Шпанија, во пресрет на гостувањето во Скопје, во пријателски натпревар ремизираше со Колумбија 2:2. Контролен натпревар одигра уште еден ривал на Македонија од Г групата, Италија. „Азурите“ славеа против Уругвај со 3:0.
Шпанскиот селектор Лопетеги на натпреварот со Колумбија не ги користеш услугите на Диего Коста, голамнот Де Хеа, Тијаго Алкантара и Серхио Бускетс, тој натпреварот го започна со Реина на голот, во одбраната беа Аспиликуета, Пике, Начо и Алба во средниот ред тројката ја сочинуваа Иљараменди, Коке и Иниеста, а во нападот играа Педро, Давид Силва и Јаго Аспас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме играа уште: Саул Нигез, Монреал, Асенсио, Витоло, Деулофеу и Мората.
Шпанија стигна до предност во 22.минута со голот на Давид Силва, а Колумбија израмни преку Кардона во 39.минута. Целосен пресврт Колумбијците направија во 55.минута кога Рејна го совлада Фалкао. Шпанија од пораз ја спаси Мората со голот во 87.минута.
Италија, во Ница, рутински го совлада Уругвај, кој играше без најголемите ѕвезди Луис Суарез и Единсон Кавани.
Италија поведе со автоголот на Хименез во седмата минута, а во самиот финиш на натпреварот со головите на Едер во 83. и Де Роси од пенал во 89.минута стигна до убедлива победа 3:0.