Дома Фудбал Италија Де Лаурентис призна: Пред Гатузо контактирал друг тренер

Де Лаурентис призна: Пред Гатузо контактирал друг тренер

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис призна дека пред доведувањето на Џенаро Гатузо го контактирал Масимилијано Алегри.

Наполи на почетокот на декември минатата година го отпушти Карло Анчелоти и бараше негова замена. Де Лаурентис имал замислено две имиња – Гатузо и Алегри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На крајот Гатузо пристигна, а останува прашањето што би било ако Алегри се согласел да преговара.

„Сакав да разговарам и со Алегри и со Гатузо. Прво го побарав Алегри со кој имам одличен однос. Кога го побарав тој беше искрен и ми кажа: Аурелио, јас се одмарам, потребно ми е тоа. Нема целосно да ја затворам вратата затоа што имате одличен проект и ние двајца се почитуваме“.

„Потоа го побарав Рино. Дојде во Рим и еве сме, тука каде што сме“, изјави Де Лаурентис.

Ќе потсетиме, Наполи пред две вечери во Рим го освои првиот трофеј после пет години, победувајќи го Јувентус во финалето од купот на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…