Дома Македонски спорт Мак фудбал Лозана пресуди: Вардар незаконски го добил Максимов!

Лозана пресуди: Вардар незаконски го добил Максимов!

Литванскиот Тракаи три години водеше судска војна со Вардар за Максим Максимов, а сега е соопштено дека спорот го доби литванскиот клуб.

Одлуката ја објави Тракаи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„За мене како личност кој инвестира во фудбалот ова е важно затоа што иако ние сме мал клуб сите тука работиме со срце“, изјави првиот човек на Тракаи, Јан Невоина.

Летото во 2017 година за Максимов имало интерес од Чешка, Словачка и Полска, меѓутоа Максимов на незаконски пат заврши во Вардар без да ги заврши обрските кон Тракаи.

Максимов во Вардар не се снајде и создаде само проблеми на најтрофејниот македонски клуб. Поради трансферот Максимов одработи суспензија од четири месеци, а Вардар забрана за трансфери до јуни 2020.

По оваа пресуда Тракаи треба да добие финансиска оштета што ќе биде проблем за црвено-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…