Денешениот миленик на „црвените“ можел лесно да заврши во редовите на Манчестер Сити.
Поранешниот играч на Селтик се покажа како едно од најдобрите засилувања на Ливерпул во последните десетина години. Холанѓанецот во јануари 2018 година стана најскапиот дефанзивец во светот откако Ливерпул за него плати 85 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Дајк ја донесе потребната сигурност во одбраната, следуваше титулата во Лигата на шампионите, а сезонава се чека и крунисувањето во Премиер лигата.
Но, се можело да биде поинаку и тој да заврши во Манчестер Сити.
„Дали Сити ме контактираше? Да. Им кажав дека мораат да го земат. Тие ми одговорија: Во ред, дај ни го неговиот најдобар натпревар во Европа и ќе го погледнеме. Јас не можев да им одговрам затоа што и немаше некои добри настапи во Европа. Беше доминантен во Шкотска, но доби црвен картон со Интер на гости. Тоа беше голем тест. Верувам дека ако го одиграше тој натпревар добро, денес ќе играше за Сити“, изјави поранешниот тренер на Селтик, Делија за „Гоал“.
Ван Дајк подоцна потпиша за Саутемптон од каде што дојде во Ливерпул.
ЦРВЕНИОТ КАРТОН НА ВАН ДАЈК ПРОТИВ ИНТЕР