Пред две години заплака после изгубеното финале, а денес сака да помогне колку што може.
Легендарниот, Андреа Пирло не очекува ништо помалку од тоа Јувентус да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму последен натпревар за Пирло во дресот на Јуве беше финалето во Лигата на шампионите во 2015 година кога „бјанконерите“ беа поразени од Барселона со 3:1.
Сега кога повеќе не е член на екипата од Торино, сака да им помогне на играчите на друг начин, па им испрати мотивациона порака.
Во целост ви ги пренесуваме неговите од зборови од италијанскиот весник „Ла Стампа“.
„Што да се каже? Тука сме, Јуве против Реал, финале Лига на шампиони. Пишувам ние, иако овој пат нема да бидам на теренот, ќе бидам ваш најголем навивач. Денес играм во Њу Јорк, па така нема да можам да го гледам почетокот. Често пати се сеќавам на ноќта во Барселона, бидејќи кога играте во едно финале тоа секогаш ви се враќа во мислите и сакате повторно да бидете дел од такво нешто. На моја жалост јас нема да можам, но среќен сум поради вас”.
„Среќен сум поради Џиџи. Цел живот чека да подигне овој трофеј. Се надевам дека вечерва ќе успее. Ова ви го кажувам како негов пријател и поранешен соиграч, тој тоа го заслужува. Тоа е единственото нешто кое му недостига. Читам дека би можел да ја освои и Златната топка, не би бил изненаден. Исто така не сум изненаден и од Јувентус, иако воопшто не е лесно да се освои се, знаев дека оваа сезона ќе ја нападнат Лигата на шампионите. Не очекував ништо друго”.
„Се сеќавам во декември бев во Торино вечерав со Џиџи, а разговарав со уште неколку поранешни соиграчи, сите беа убедени дека имаат добар тим и дека можат да освојат се. Тоа беше таа самодоверба и гладот кој го познавав. Финалето сеуште не е завршено, Реал е одличен тим, постојат причини за страв, но така е со секој противник на ова ниво. Ако Јуве во овој натпревар одигра како што знае и може, има големи шанси да ја оствари целта. Кога ќе погледнеме наназад оваа сезона кога и да беше важно никогаш не направија грешка. Знам дека во јули ќе играте во овие предели, па ќе дојдам да ве посетам, ќе ми биде задоволство да го поздравам и трофејот”, напиша популарниот „Моцарт“.