Eвропската ракометна федерација ЕХФ неодамна донесе одлука да го исфрли Вардар и така без борба да му ја одземе европската титула. Одлуката беше да се откажат сите натпревари до Ф4 во Келн, а таму да одат првопласираните екипи од А и Б групата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
ЕХФ по оваа одлука доби големи критики од јавноста и ракометарите, а сега тие одлучија да се „извинат“ парично. Имено, ЕХФ за сите екипи кои беа елиминирани издвои 250.000 евра, ондосно по 25.000 евра за секој клуб.
По 25.000 евра ќе добијат трето, четврто, петто и шестопласираните тимови во двете главни групи и двете најдобри од групите Ц и Д.
Иста парична помош ќе добијат и женските екипи кои беа исфрлени од ЛШ поради ваквата одлука.