Дома Останати Ракомет Канелјас пред дуелот со Барса Скопје изгледа како Шпанија пред 20 години!

Канелјас пред дуелот со Барса Скопје изгледа како Шпанија пред 20 години!

Жоан Канелјас во најважниот период од сезоната за Вардар започна да прикажува настапи какви и што се очекуваа од него.

Екипата на Вардар утре ќе ги одмери силите со Бараелона на историскиот фајнал фор во Келн, па бидејќи Канелјас им е добро познат на каталонците даде интересно интервју за каталонскиот весник „Спорт“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Канелјас потенцираше дека на фајнал форот ќе слави екипата која што ќе има најрасположен голман, сепак посебно интересен за нас беше делот во кој тој зборуваше за животот во Скопје.

„Скопје како град премногу ми се допаѓа. Беше уништен во 1963 од земјотресот, но тоа не го спречи одлично да се развива, денес тој е реконструиран и модернизиран. Уживам на кејот покрај Вардар, според мене доколку луѓето кои се надлежни добро си ја завршат работата Скопје би можел да стане туристичка атракција. За мене интересно е што тука гледам работи кои во Шпанија ги гледав пред 20 години, мотоциклисти без кациги, се пуши во затворени места… Сепак најважно е што луѓето се навистина срдечни и емотивни”, изјави Канелјас.
 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометната федерација на Македонија направи важна промена за новата сезона

Ракометната федерација на Македонија донесе нова одлука која директно ќе влијае врз изглед…