Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: А зошто Иско и Бејл да не играат заедно?

Зидан: А зошто Иско и Бејл да не играат заедно?

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан денес одржа пресконференција пред 100 медиуми и разбирливо главна тема беше финалето во Лигата на шампиони.

„Многу сме задоволни што ќе играме во финалето од Лигата на шампиони. Знаеме колку е тешко да се стигне до тоа финале.Работевме напорно цела сезона и заслужено сме во финалето“, истакна Зидан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Најважно е во сабота да одиграме со максимален напор, како што правевме цела сезона. Ова е финале и ќе биде тешко. Јувентус е многу силен тим кој тешко прима голови, меѓутоа ние постигнуваме на секој меч. Дефинитивно двата најсилни тима се во финалето и тоа заслужено“, додаде стратегот на Реал.

Главна тема во сите шпански медуми е дали во стартниот состав ќе биде Иско, кој е во одлична форма, или пак Герет Бејл, а Зидан ги изненади сите со одговорот.

„И двајцата се одлични фудбалери. Оваа сезона играа заедно на 16 натпревари, зошто и во сабота да не играат заедно. Многу ќе ми биде тешко да го изберам стартниот тим, но важно е сите да сме подготвени“, дипломатски одговори Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Карабаг го запре Челзи

Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Ли…