Дома Фудбал Останато Легендарниот голман Рушту во критична состојба, се бори за живот

Легендарниот голман Рушту во критична состојба, се бори за живот

Легендарниот турски голман  Рушту Реџбер е заразен со коронавирус, но неговата здравствена состојба нагло се влошила, па моментално се бори за живот.

Рушту беше пренесен во болница пред два дена, а неговата состојба се влоши.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Сите сме шокирани од тоа колку брзо се развиваат симптомите на коронавирус“, рече неговата сопруга Исил Реџбер која е во голем шок бидејќи е обвинета дека го заразила сопругот.

Поточно, медиумите во Турција известуваат дека таа неодамна се врати од Соединетите Американски Држави и не ја почитуваше 14-дневната изолација. Веднаш отишла во нејзиниот салон за убавина и покрај Рушту заразила уште многу.

„Навистина не ми е грижа за овој линч против мене. Најважно е сега Рушту да се опорави“, рече сопругата на легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Милан донел конечна одлука за Вокер!

Екипата на Милан сепак нема да го откупи Кајл Вокер по истекот на позајмицата на крајот на…