Дома Фудбал Останато Халанд откри против кој дефанзивец му било најтешко да игра

Халанд откри против кој дефанзивец му било најтешко да игра

Ерлинг Халанд сезонава е најголема сензација во светот на фудбалот.

Халанд во првиот дел од сезоната блескаше во Салзбург, а во јануари го купи Борусија Дортмунд за 20 милиони евра. Тој продолжи да воодушевува и во дресот на германскиот тим постигна дури 12 голови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во разговор за „Франс Фудбал“ Халанд зборуваше за многу работи, а откри и против кој дефанзивец му било најтешко да игра.

„Тоа дефинитивно е Ван Дајк. Во Салзбург два пати играв против него и тој е неверојатен. Во дефанзивата е навистина предобар и брз. Има неверојатни квалитети и е одличен играч. Тоа е тип на играч кој ниту еден напаѓач не го сака“, изјави Халанд.

Проговори и за шпекулациите да ја напушти Борусија.

„Само што дојдов и среќен сум тука. Скаам многу да остварам тука и сум фокусиран на тоа. Се наежувам секогаш кога ќе истрчам на стадионот на Дортмунд и тука сум навистина среќен“, истакна Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…