Борусија Дортмунд е пред договор за доведување на тинејџерот Џуд Булингам од Бирмингем за 35 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Милионерите“ се познати по тоа што даваат шанси на младите играчи, последни примери се Ерлинг Халанд и Џајдон Санчо кои веќе важат и за европски ѕвезди иако се на почетокот на нивните кариери.
Санчо во Борусија Дортмунд дојде од Англија, а сега по неговите стапки ќе тргне изгледа и Белингам кој има само 16 години. Овој играч важи за еден од најголемите англиски таленти.
За неговите услуги подолго време интерес покажуваше Манчестер Јунајтед, меѓутоа клубот од „Олд Трафорд“ не е спремен да плати 35 милиони евра. Борусија пак од друга страна е спремна да ризикува и да ја плати таа сума.