Дома Фудбал Италија Гатузо: Во нападот треба да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната грди како мене

Гатузо: Во нападот треба да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната грди како мене

Легендарниот Џенаро Гатузо повторно даде хит изјава која ќе се врти во интернетот.

Наполи кој е предводен од Гатузо вчера славеше против Торино, а Гатузо искажа задоволство после натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се подобруваме, мораме вака да продолжиме. Ми се допадна како тимот изгледа. Бевме компактни. Спремен сум да отидам и до крајот на планетата за своите играчи. Мораат да тренираат како што ќе кажам јас, а не како што ќе кажат другите. Исто така во нападот мораме да бидаме убави како Бред Пит, а во одбраната грди како мене“, изјави Гатузо.

За откажувањето натпревари против коронавирусот.

„Го почитувам стравот и мислам дека треба или да играат сите или никој. Подобро е да се игра со публика, но ако се одлучи да се игра зад затворени врати морате и тоа да го прифатите“, додаде стратегот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…