Ливерпул спрема нов, подобар договор за еден од најдобрите поединци на тимот, Вирџил Ван Дајк, пренесуваат англиските медиуми.
Актуелниот договор на Ван Дајк истекува на летото 2023 година и на „Енфилд“ му нудат нов дговор вреден 12 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Дајк дојде на „Енфилд“ во јануари 2018 година од Саутемптон и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во светот, па многу европски гиганти го сакаат во своите редови.
Поради тоа Ливерпул е спремен да му понуди нов петгодишен договор „тежок“ 50 милиони фунти, односно 10 милиони фунти по сезона.
Пред неколку дена „Сан“ објави дека Јувентус е спремен да плати на лето да плати 175 милиони евра за холандскиот стопер, а тоа изгледа било причина да реагираат во таборот на светскиот и европски шампион.