Дома Луд Спорт Поранешниот напаѓач на Њукасл поради измами ќе оди зад решетки

Поранешниот напаѓач на Њукасл поради измами ќе оди зад решетки

Поранешниот напаѓач на Њукасл, како и на неколку нисколигашки клубови, Нил Рангер, e осуден на осум месеци затвор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 25-годишен играч, кој во моемтнов е под договор со нисколигашот Саутенд Јунајтед, е осуден на затворска казна поради измама која му донела парична корист од 2090 фунти.

Toj нелегално го користел името Дајан Блос, како со него на своја смета да пренесе одредена сума на пари, што на крајот го чинеше и затвор.

Ова е само еден од многуте проблеми кои поранешниот фудбалер на Њукасл ги направи. Претходно често беше уапсуван поради насилство и грабеж, а додека го носеше дресот на Блекпул, стана познат по тоа што на тренингот се појави по осум месеци, а за тоа време правеше дејствија што се спротивни на законот.

Рангер важеше за голем талент во Њукасл. Сепак, проблематичниот стил на живот го чинеше добра кариера и сега ќе мора во затвор.

Извесно е дека екипата на Саутенд ќе го отпушти, а во кариерата овој фудбалер, покрај Њукасл, Блекпул и Саутенд, играше и за Шефилд Венсдеј, Свидон и Барнсли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ВАР судија се обложуваше среде натпревар📷

Скандалозна ситуациа пристигнува од Бугарија од натпреварот помеѓу ЦСКА и Локомотив Софија…