Францускиот дефанзивец Левин Курзава ја одбил понудата на италијанскиот гигант Интер, оренесува еминентниот „Екип“.
Договорот на Курзава со Пари Сент Жермен истекува на крајот на сезоната и „нероаѕурите“ му понуди да потпише со нив како слободен агент на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Курзава ја одбил понудата на Интер бидејќи преферира преселба во клуб од Премиер лигата и очекува понуди од Островот.
Левиот бек ја нема довербата на Томас Тухел и оваа сезона беше во стартниот состав само на пет натпревари во француското првенство.
Меѓутоа, „Екип“ тврди дека Интер нема да се откаже од намерата, бидејќи Курзава е голема желба на Конте и се очекува наскоро да испрати финансиски подобра понуда.