Во својот тим секогаш мораш да веруваш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приказната на денот ни доаѓа од Скандинавија, облог кој му се одби од глава на извесен Ојсен Стори, Норвежанец кој е член на навивачкиот клуб на Јунајтед од истата држава.
Имено, тој не верувал дека и покрај сите повреди и проблеми кои ги имале неговите миленици би стигнале до финалето кое се игра во Стокхолм.
Тогаш паднал и облог, ако Мурињо и неговите играчи го направат тој ќе пешачи 120 километри од својот град, Бурмундала до Осло. Облог си е облог, облечен во дресот на Јунајтед тој тргна на пат, но истакна дека не би сакал да зажали.
„Нема никаков проблем, ќе одам и подалеку, само да го победиме Ајакс. Би било глупаво волку многу да пешачев за после да завршам во солзи“, изјави Осјен.
