Изминатата вечер во НБА лигата ја обележи Леброн Џејмс кој ги предводеше Лејкерси до шестиот триумф во низа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лејкерси гостуваа кај Чикаго Булс и стигнаа до победа со резултат 112:118 и тоа после голем пресврт. Булси после две четвртини игра имаа предност од +19 (65:46), но на крајот мораа да му честитаат на својот противик.
Џејмс го заврши натпреварот со 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции и тоа беше доволно за нов рекорд. Искусниот 35 годишен кошаркар стана најстариот играч кој на три натпревари во низа остварил трипл-дабл.
Интересно беше и во натпреварот помеѓу Шарлот и Индијана каде што домаќините славеа после продолженија со резултат 122:120. Своја ноќ имаше Девонт Грахам кој постигна 35 поени.
Денвер на свој терен беше подобар од Мајами со 109:89. Домаќинот беше предводен од Џамал Мареј со 21 поен, пет скока и четири асистенции. Балканците во овој натпревар, Никола Јокиќ и Горан Драгиќ на спротивната страна имаа сличен учинок. Јокиќ на тпреварот го заврши со девет поени, пет скока и пет асистенции. Словенецот пак исто така уфрли девет поени и додаде, еден скок и седум асистенции.
НБА резултати:
Чикаго – Лејкерси 112:118
Денвер – Мајами 109:89
Оклахома – Орландо 102:94
Атланта – Сан Антонио 108:100
Кливленд – Бостон 113:119
Шарлот – Индијана 122:120 (после продолженија)