Дома Македонски спорт Лина Ѓорческа реди победи во Анталија

Лина Ѓорческа реди победи во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да извојува уште две победи денеска на турнирот во Анталија, откако обезбеди финале во дабл и полуфинале во сингл-конкуренција.

Македонската тенисерка експресно со само три загубени гема ја победи бугарската тенисерка Петја Аршинкова, победувајќи ја со 6-1, 6-2 за да стигне во полуфиналето и сега ќе се соочи со Магдалена Пантуцкова од Чешка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ѓорческа имаше одличен настап и во дабл-конкуренција заедно со Маријана Дражиќ од Хрватска, па тие со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 славеа против Жени Дуерст и Џоана Гаспар.

Македонската тенисерка е втора носителка на турнирот вреден 15.000 долари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…