Дома Фудбал Англија Деновите на Солскјер се одброени, Јунајтед веќе му најде замена

Деновите на Солскјер се одброени, Јунајтед веќе му најде замена

Манчестер Јунајтед можеби го бележи најлошиот старт во новата клупска историја, а на најголем удар на критики е менаџерот Оле Гунер Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ играат очаен фудбал и тешко е да се верува дека Норвежанецот ќе остане до крајот на својот тригодишен договор на „Олд Трафорд“ кој го потпиша во март оваа година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека раководството веќе пронашло замена и има постигнато договор со италијанскиот стартег Масимилиано Алегри.

Алегри е слободен после заминувањето од Јувентус ова лето и наводно дал согласност да седне на жешкото столче на „Олд Трафорд“.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Алегри веќе се подготвува да дојде во Манчестер,  па одлучил за свој помошник на „Олд Трафорд“ да го земе Патрис Евра, кој одлично го познава клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…