Капитенот на Барселона, Лионел Меси денес го одработи вториот целосен тренинг со остатокот од тимот.
Аргентинецот е надвор од терените повеќе од еден месец и се уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Меси веќе два дена одработува целосни тренинзи со остатокот од тимот, па можно е да биде повикан за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.
За неколку часа ќе биде објавен официјалниот список на играчи кои ќе патуваат во Дортмунд, а медиумите тврдат дека Меси скоро сигурно ќе биде дел од групата.
Меѓутоа, тренерот Валверде пред мечот со Валенсија изјави дека повредата на Меси не била наивна, па нема да брза со неговото враќање на теренит и истакна дека тешко ќе го видиме во првиот меч од Лигата на шампиони.
Покрај Меси, денес во тимот на Барса се врати и резервниот голман Нето, кој го одработи првиот тренинг.