Дома Фудбал Останато Навивачите на ПСЖ со силна порака до Нејмар и неговиот татко (фото)

Навивачите на ПСЖ со силна порака до Нејмар и неговиот татко (фото)

Нејмар после летната трансфер сага се врати во тимот на ПСЖ денес на мечот против Стразбур и не беше добро пречекан од фановите.

Фановите на ПСЖ најавија дека нема добро да го пречекаат Бразилецот бидејќи не покажал почитување ова лето кога на сите начини се обидуваше да се врати во Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Нејмар Сениор, можеш да го продадеш син ти во Вила Мимос“, гласеше на транспарентот на навивачите.

Вила Мамос е област од Рио Де Жанеиро, каде многу е застапена проституцијата.

„Нејмар е еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација, меѓутоа, тоа е далеку од тоа што за нас е важно денеска. Причината поради која ние го предупредуваме е тоа што се однесуваше непочитувачки кон нашиот клуб во одредени ситуации, дури истото однесување беше и понижувачко кон ПСЖ“ се вели во соопштението на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…