Дома Фудбал Англија Едноставно најдобар – и новинарите го избраа Канте за играч на сезоната!

Едноставно најдобар – и новинарите го избраа Канте за играч на сезоната!

Играчот од средниот ред на Челси, Нголо Канте го доби признанието за играч на сезоната во Премиер лигата од страна на Асоцијацијата на фудбалски новинари во Англија.

Канте минатиот месец доби признание за одличните партии и од своите колеги беше прогласен за Фудбалер на годината, па денес ги обедини наградите од колегите и од новинарите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Чест ми е што ја добив оваа награда. Ова е навистина горд момент во мојата кариера, покрај толку многу одлични играчи во Челзи и Премиерлигата, новинарите мене ме одбраа за Фудбалер на Годината“, изјави скромниот Канте.

Французинот е 18-от фудбалер во историјата на англиското првенство кој ги освојувал признанијата на Асоцијацијата на професионални фудбалер и Асоцијацијата на фудбалски новинари, а по два пати тоа им успевало на Кристиано Роналдо и Тиери Анри.

Зад Канте, во гласањето заврши неговиот соиграч од Челзи, Еден Азар, а третото место го освои Дели Али од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона. П…