Манчестер Јунајтед вчера го загуби големото дерби против Арсенал и по цели 13 години Арсен Венгер успеа да слави победа над лутиот ривал Жозе Мурињо во Премиер лигата.
После мечот Жозе Мурињо не успушти прилика да го „боцне“ својот колега, но и навивачите на Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Конечно го напуштам овој стадион, а навивачите на Арсенал да бидат задоволни. И јас сум среќен заради нивното задоволство. Ова ми е прв пат во кариерата да го напуштам овој стадион, а тие да бидат среќни. Го напуштав Хајбери – тие плачеа, го напуштав Емирати – тие плачеа, конечно малку насмевки на нивните лица“, изјави Португалецот.
Со овој пораз „црвените ѓаволи“ се чини ја загубија битката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, па сега сите сили ќе ги насочат кој освојување на Лига Европа.